[:mk]
Автор: м-р Александра Димовска
Од 1 јануари 2021 година, Португалија по четврти пат ќе претседава со Советот на ЕУ. Португалија зад себе има клучни постигнувања за време на своето претседавање со Унијата почнувајќи со потпишувањето на Договорот за Европската Унија и на Договорот за Европската економска област во 1992 година. За време на своето второ претседавање во 2000 година, Португалија се заложи да ја дефинира „Европа на работ на 21-от век“ и го промовираше усвојувањето на Лисабонската стратегија. При третото ротирачко претседателство во 2007 година, силната заложба на земјата за „посилна Европска Унија за подобар свет“ беше финализирана со усвојувањето на Договорот од Лисабон – договор кој јасно ги одредува целите и вредностите на ЕУ: мир, демократија, почитување на човековите права, правда, еднаквост, владеење на правото и одржливост.
Системот на Трио претседателства со Советот на ЕУ беше воведен со стапувањето на сила на Лисабонскиот договор во 2009 година. Ова трио изготвува заедничка стратешка агенда со одредени цели кои треба да се исполнат во нивното претседавање во рок од 18 месеци. Во програмата на ова Трио, кое редоследно трае од 1 јули 2020 до 31 декември 2021 година, во која се вклучени Германија, Португалија и Словенија се потврди перспективата на регионот за членство во ЕУ со цел „да продолжи процесот на проширување кон Западен Балкан“, врз основа на новата методологија.
Под мотото на нивното шестмесечно претседавање „Време е да се испорача: фер, зелено и дигитално закрепнување,“ Португалија ја истакна својата заложба да придонесе кон градење на Европа која е поотпорна на кризи, како и обезбедување на посоцијална, позелена и подигитализирања Европа. Исто така, предвидено е јакнење на улогата на ЕУ на светската политичка сцена.
Португалското претседателство ќе работи на три главни приоритети:
- Промовирање на закрепнувањето на Европа, врз основа на зелени климатски политики и дигитални транформации;
- Спроведување на Социјалниот столб на ЕУ како клучен елемент за обезбедување фер и инклузивна атмосфера и дигитална трансформација;
- Зајакнување на стратешката автономија на Европа, но отворена за светот.
Програмата на германското претседателство во однос на истакнување на заложбите за проширување на ЕУ беше многу појасна во случајот со Северна Македонија и Албанија.
Во рамките на централните теми опфатени во програмата за дејствување за време на германското претседателство, беше нагласена и активната и ефективна улога на ЕУ кон земјите од Западен Балкан. За време на нејзиното претседателтво со Советот, Германија повика на создавање кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан, како и финализирање на преговарачката рамка со Северна Македонија и Албанија. За жал, бугарските барања не придонесоа за реализирање на зацртаните цели во предвидениот рок, но секако очекувам во следниот период да сенајде начин за изнадминување на разликите, со што ќе се овозможи Северна Македонија да отпочне пристапни преговори.
Во случајот на Португалија, заложбите за проширување на ЕУ се нотирани на многу подискретен начин , со самото тоа што се забележува дека земјата “ќе го продолжи процесот на проширување на Западен Балкан врз основа на новата, покредибилна и поефикасна методологија, како и напорите за стабилизација и интеграција во регионот и ќе ја поддржиме Европската комисија во однос на тековните реформски процеси во тие земји.“ Но, од друга страна, Португалија беше многу прецизна во врска со својата посветеност кон изготвување нови миграциски правила на ЕУ, развивање на односите на ЕУ со САД, како и со поширокиот регион на Северна Африка и Блискиот Исток, особено со МАГРЕБ. Позитивен знак од Португалија е што португалски висок владин претставник порача дека се надева дека до јули годинава спорот со Софија ќе се деблокира и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.
Иако на овој начин претседателството јасно не се обврзува да презема конкретни чекори, од друга страна, барем декларативно, е волно да го задржи континуитетот на Програмата на Триото, притоа благо ретерирајќи по првично дадените изјави на оваа тема. Германските диполмати сметаат дека проширувањето е во добри раце со следното португалско и потоа словенечко претседателство. Тие континуирано охрбабруваат дека за време на тројното претседателство за период од 18 месеци, трите земји членки на ЕУ ги усогласиле нивните стратешки приоритети, тесно ќе соработуваат и дека Португалија но и Словенија се свесни за потребата од проширувањето на Унијата. Потребно е Германија како голем сојузник на Македонија и поддржувач на евроинтегративните процеси на регионот да не се откаже од своите напори за интеграција на земјите од Западен Балкан.
И покрај предизвиците што ги донесе бугарското вето, најважно од се е Северна Македонија да го продолжи реформскиот процес и да не стагнира со исполнување на условите кои би не довеле чекор поблиску до членство во Унијата. Патот кон ЕУ е двосмерна улица во која ние ја препознаваме важноста од спроведување на реформи и ги исполнуваме истите, додека ЕУ го афирмира тој напредок и ни овозможува да одиме понатаму во преговарачкиот процес.
[:en]Author: Aleksandra Dimovska, MA
Starting from 1 January 2021, Portugal will take over the Presidency of the Council of the European Union for the fourth time. Portugal thus far has achieved significant successes during its four Presidencies of the Council of the EU, starting with the signing of the Treaty on European Union and the Treaty on European Economic Area in 1992. During its second presidency in 2000, Portugal pledged to define “Europe on the Brink of the 21st century” and promoted the adoption of the Lisbon Strategy. During the third rotating presidency in 2007, the country’s strong commitment to a “stronger European Union for a better world” was finalized with the adoption of the Lisbon Treaty – an agreement that clearly sets out the EU’s goals and values: peace, democracy, respect for human rights. justice, equality, rule of law and sustainability.
The Trio Presidency system was introduced after the Lisbon Treaty in 2009. The trio refers to the 3 EU Member States which hold the presidency of the Council of the European Union for a total of 18 months and which work closely together over that period guided by a joint strategic agenda. This round of the Trio Presidency which runs from July 1, 2020 to December 31, 2021 starting with Germany, followed by Portugal and ending with Slovenia, reaffirmed the region’s EU membership perspective in order to “continue the enlargement process of the Western Balkans,” based on the new revised enlargement methodology.
Even though Lisbon is taking over the Presidency from Berlin in an exceptionally challenging period, guided by the motto “Time to deliver: a fair, green and digital recovery,’ the country has emphasized its commitment to making Europe more resilient to crises, more environmentally friendly and more socially just. In addition, Portugal also envisions strengthening the EU’s role on the world political scene.
The three major priorities for the EU during the Portuguese Presidency include:
- To promote a recovery leveraged by the climate and digital transitions;
- To implement the European Pillar of Social Rights of the European Union as a distinctive element for ensuring a fair and inclusive climate and digital transition;
- To strengthen Europe’s autonomy whilst remaining open to the world, taking a leading role in climate action and promoting a digital transformation in the service of people.
The program which guided the German Presidency on the other hand was much clearer in terms of highlighting the need for a credible perspective for the countries of the Western Balkans, specifically North Macedonia and Albania.
Regarding the central topics in the strategic program of the German Presidency, the active and effective role of the EU towards the countries of the Western Balkans was emphasized. During its Presidency of the Council of the EU, Germany called for the creation of “a credible EU accession prospect for the Western Balkan countries, as well as the finalization of the negotiating framework with North Macedonia and Albania.” Unfortunately, the Bulgarian demands did not contribute to the realization of the goals within the set deadline, but I certainly expect that in the next period a solution will be found so as to overcome differences and allow for North Macedonia to start accession negotiations.
In the case of Portugal, EU enlargement efforts are mentioned in a much more cautious way in the Presidency program as the country has noted that it “will continue the process of enlargement to the Western Balkans on the basis of a new, more credible and more effective methodology, as well as the stabilisation and integration efforts in the region, supporting the European Commission as regards the ongoing reform processes in those countries.” But on the other hand, Portugal was very clear about its commitment to drafting new EU migration rules, as well as developing EU relations with the United States, as well as developing closer relations with the Maghreb and MENA region. However, a positive signal was sent from Portuguese senior government officials who expressed their high hopes that the dispute with Sofia would be resolved and that the first intergovernmental conference will be held during their Presidency.
Though the Portuguese Presidency has not made clear statements on their commitment to taking concrete steps, by slightly modifying their initial statements on this topic, they are at least declaratively willing to maintain the continuity of the strategic priorities set out by the Trio Presidency. German diplomats believe that the enlargement process is in good hands with both the Portuguese and Slovenian Presidencies. According to them, the Trio Presidency will work closely together over the 18 month period to fulfill the joint strategic priorities as both Portugal and Slovenia are very much aware that EU enlargement with Western Balkan countries remains a priority for the EU. It is imperative that Germany, as a longterm ally of North Macedonia and a supporter of the European integration of the Western Balkans, continues to strongly support EU integration efforts of Western Balkan countries.
Despite the challenges introduced by the Bulgarian veto, it is crucial that North Macedonia does not stagnate and continues to advance the national EU reform agenda. The road to the EU is ultimately a two-way street in which the candidate country recognizes the importance of implementing reforms and fulfilling membership criteria, while the EU affirms that progress and allows the country to move forward in the accession process.
[:]
0 Comments