На 22 јуни, ЕУРОПРОСПЕРА организираше панел дискусија на тема “Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија” во просториите на Млади Хаб.
Голема чест и задоволство беше да го имаме како главен говорник на панел дискусијата Претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Стево Пендаровски.
Како соговорници на дискусијата учествуваa г-дин Илхан Рахман, Заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Џелал Хоџиќ, Заменик директор на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и г-дин Илија Џугуманов, Генерален секретар на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија.
Претседателот Пендаровски говореше за неуспехот на процесот на проширување, за принципот на консензус како причина за блокадите во ЕУ и парализираност во носењето на брзи одлуки.
Во однос на очекувањата од одлуката на Советот на ЕУ за отпочнување на преговори за Северна Македонија, претседателот Пендаровски искажа скептицизам по ова прашање. Претседателот Пендаровски се осврна и на односите со соседна Бугарија и блокадата од Софија во контекст на македонските евроинтеграции. Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека ако цената за влез во ЕУ е да се обезличиме, не ни e потребна ЕУ. Исто така, португалскиот предлог за надминување на спорот со Бугарија го оцени како одличен, бидејќи според него се декларираат позициите на двете страни.
Претседателот Пендаровски напомена и дека на Северна Македонија и е неопходна помош од ЕУ и САД за побрза демократизација на општеството. Претседателот Пендаровски исто така истакна дека е потребно да се врати во живот договорот за стратешко партнерство со САД од 2008-мата година, што не би значело откажување од европските интеграции.
Претседателот Пендаровски се осврна и на значењето на Рамковниот договор и неговата имплементација во државата, како и за значењето и придобивките од нашето членство во НАТО Алијансата.
Линк до видеото од live stream снимката од настанот – https://fb.watch/8pN6XXW1bB/ 

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *