[:mk]

На 14 јуни, ЕУРОПРОСПЕРА одржа панел дискусија на тема “Обединети во различностите: Рамноправност и недискриминација во Република Северна Македонија,” во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Модератор на настанот беше Александра Димовска, извршна директорка на ЕУРОПРОСПЕРА.
Како панелисти учествуваа г-а Маја Морачанин – Пратеничка и претседателка на ДОМ, г-а Весна Попоска – Деканка на Правен факултет, Меѓународен Универзитет ВИЗИОН и г-а Лиса Баута Шаќири – Активистка за човекови права и родова еднаквост.
Во своето опширно излагање г-ѓа Морачанин истакна дека за неа посебно значајна е улогата на парламентот и пратениците во подигањето на јавната свест по прашања што се однесуваат на човековите права и слободи, со посебен фокус на правата на жените и маргинализираните групи во општеството. Образовниот процес е исклучително важен во овој сегмент бидејќи со вклучување на промоција на родовата еднаквост и основни човекови права во образовните програми и учебниците е придобивка за сите граѓани во општеството. Едно општество не може да постигне развој или напредок доколку сите граѓани не го искористат својот целосен потенцијал и не се вклучени во општественото делување. Унапредувањето на правата на жените не само што е многу важно за самите жени и нивната вклученост во политиката и економскиот живот, туку за целото општество. Исто така, г-ѓа Морачанин посочи дека застапеноста на жените и нивната вклученост во политичките процеси мора да биде клучен аспект на демократските процеси на одлучување.
Г-ѓа Попоска истакна дека е за унапредување на човековите права е потребен системски пристап, да се има јасна политичка волја и разбирање, но исто така, многу е важно да има будни граѓани кои ќе продолжат со остварувањето на правата преку активизам како клучна алатка посебно на локално ниво. Таа напомена дека за жал, на овие простори дискриминацијата станува олимписка дисциплина и ова треба да се адресира на повеќе начини, вклучително и преку образовниот процес. Таа ја потенцираше важноста на искреноста во политиката, која иако е заборавена како вредност, може многу да придонесе за клучни промени во општеството.
Г-ѓа Баута Шаќири потенцираше дека е многу важно да се разбере дека унапредување на правата на една група на граѓани, не значи одземање на правата на друга група на граѓани. Според неа, жените често пати се злоупотребуваат во политички кампањи, односно се бираат недоминантни жени или по неискусни во политиката.
Г-а Димовска истакна дека е нотиран напредок во нашето општество во областите човекови права, анти-дискриминацијата, но потенцираше дека ни претстои уште многу работа за да се направи нашето општество родово сензитивно, потолерантно и поотворено.
„Ги повикувам сите релевантни институции да ја продолжат својата работа и да овозможат поголем напредок и побрза европеизација и тоа ќе нè однесе чекор поблиску до интеграција на Северна Македонија во Европската унија“, изјави Димовска.
ЕУРОПРОСПЕРА во следниот период ќе продолжи со организирање на панел дискусии со релевантни говорници на клучни теми поврзани со евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија.
Линк до видеото од live stream снимката од настанот – https://fb.watch/8pN2-or7Co/

[:]


0 Comments

Leave a Reply

Avatar placeholder

Your email address will not be published. Required fields are marked *