ЗА НАС
Основана во Скопје во 2020 година, Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА е независна, невладина и непрофитна тинк-тенк организација, посветенa на унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и Западниот Балкан.
Ние се стремиме да поттикнеме промени и да овозможиме напредок преку дијалог, стратешко партнерство и експертска анализа, со цел придонесување кон креирање на европски политики на национално и регионално ниво.
ГЛАВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ ОБЛАСТИ
Посветени сме кон адресирање на основните прашања со кои се соочуваат Северна Македонија и Западниот Балкан како дел од нивниот процес на пристапување во ЕУ.
- Европска надворешна политика
- Фундаментални човекови права, анти-дискриминација и родова еднаквост
- Младинска политика
- Европска и трансатлантска безбедност
- Демократизација, владеење на правото и добро владеење
- Дигитална агенда и регионална поврзаност