Тимот на ЕУРОПРОСПЕРА е динамичен спој од млади и амбициозни професионалци како и искусни експерти со долгогодишно искуство во нивните области.

Нашиот тим нуди експертиза по прашања поврзани со проширувањето на ЕУ, дипломатија, безбедност и одбрана, европско право, човекови права, економија,  комуникации, дигитална економија, интелектуална сопственост, е-трговија, енергетика, здравство и информатичка безбедност. Регионалната експертиза ги опфаќа регионите на Западен Балкан, Источното соседство и МЕНА регионот.  

Александра Димовска, основач и извршна директорка

M-p Александра Димовска е основач и извршна директорка на ЕУРОПРОСПЕРА. Таа дипломирала меѓународни односи на Колеџот Весалиус – ВУБ во Брисел, а своите магистерски студии по напредни меѓународни односи ги заврши на Дипломатската академија во Виена, на тема политика на проширување на ЕУ.

Нејзиното досегашно професионално искуство главно се фокусира на меѓународни и Европски политики, поточно на прашања поврзани со политиката на проширување на ЕУ како и надворешната, безбедносна и одбранбена политика.

Во изминатиот период м-р Димовска работела во повеќе домашни и меѓународни институции, како што се Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) во Европскиот парламент, Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), ОБСЕ/ОДИХР како и Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Воедно, м-р Димовска беше ангажирана како Соработник за пристапуање во ЕУ во Канцеларијата на Главниот технички преговарач во Владата на Република Северна Македонија.

Стапи во контакт со Александра на adimovska@europrospera.org.mk 

Експерти:

Петар Димовски – Дипломат и експерт за политичко-безбедносни политики; Евроатлантски интеграции; Земји од источно партнерство; Надворешна, безбедносна и одбранбена политика; Геополитика; Меѓународни организации (ООН, НАТО, ОБСЕ)

М-р Мунир Ал Акари – Надворешна политика на ЕУ; Меѓународна економија; Односи ЕУ – МЕНА; Геополитика; Човекови права

Д-р Маја Камбовска – Институции и процес на носење одлуки во ЕУ; правен поредок на ЕУ; национална законодавна хармонизација со правото на ЕУ; единствен пазар; политики и законодавство поврзани со дигитални технологии вклучувајќи онлајн платформи; интелектуална сопственост; е-трговија; економија на податоци; вештачка интелегенција; коментари на одлуки на Судот на правдата на ЕУ

Д-р Бојана Бабунска – Процесно право на ЕУ; судска заштита во ЕУ и основен принцип за почитување на владеењето на правото; принцип на законитост, вклучително со транспарентен, отчетен и демократски процес за донесување на закони; правна сигурност; забрана за арбитрарност на извршната власт; поделба на власта; пристап до правда и ефективна судска заштита пред независни и непристрасни судови; однос помеѓу правото на ЕУ и националното право; принцип на државна одговорност за прекршување на правото на ЕУ;

М-р Максимилијан Соренсен – Надворешна политика на ЕУ; Информатичка безбедност; Односи ЕУ – Западен Балкан

Др. Горан Митрески – Специјалист по анестезиологија и интензивно лекување; Eксперт по здравствени политики

Даниел Митковски – Финансии и администрација

Владимир Славковски – Човечки ресурси