МИСИЈА
Мисијата на Цeнтарот за европски истражувања и анализи – ЕУРОПРОСПЕРА има за цел да го подобри квалитетот на политичките дебати за Европската унија преку фактички истражувања, транспарентна анализа и сеопфатни дебати, со што ќе се обезбедат ефикасни препораки произлезени од актуелните економски и политички трендови, а со цел истите да се насочат кон клучните носители на одлуки и пошироката јавност.
Силната заложба за демократија, еднаквост, владеење на правото, човековите права, безбедноста, граѓанско општество и зајакнувањето на општествената улога на младите секогаш ќе биде во центарот на нашата работа.
ВИЗИЈА
Визијата на Цeнтарот за европски истражувања и анализи – ЕУРОПРОСПЕРА е поттикнување разновиден и прогресивен дијалог за прашањата поврзани со ЕУ, а со цел да помогне во креирањето политики и поддршка на процесите на донесување одлуки на национално, регионално и меѓународно ниво. Преку обезбедување единствен простор за идентификување на пристапи за подобрување на квалитетот на клучните политики во политичката и економската сфера, решени сме да развиеме платформа посветена на имплементирање на одржливи програми кои ќе овозможат ангажирање, поврзување и оспособување граѓаните во овој правец.
Воедно се стремиме директно да придонесеме за поттикнување на кредибилна перспектива за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и за зајакнување на ангажманот на ЕУ во регионот, каде што секоја земја ги почитува темелните вредности на ЕУ во однос на човековото достоинство и човековите права, слободата, демократијата, еднаквоста и владеењето на правото.
СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ
Стратешките цели на организацијата се базирани врз поттикнувањето, промовирањето и унапредување на процесот на евроинтеграции на национално и регионално ниво преку сеопфатни анализи и прогресивни дебати со носители на одлуки и други клучни чинители во креирањето на европските политики со цел донесување на информирани и адекватни одлуки. Овие цели ќе бидат постигнати преку склучување и одржување на стратешки партнерства со национални и меѓународни владини, академски и невладини тела, меѓународни организации, засегнати страни и граѓани во корист на креирање на европски стратегии и политики.
Долгорочните цели на Центарот за европски истражувања и анализи – ЕУРОПРОСПЕРА се давање свој придонес кон креирање на отворено и толерантно општество, развој на активно граѓанство во креирање и донесување одлуки, зајакнување на владеењето на правото, почитување, унапредување и заштита на човековите права, како и младинска ангажираност во општеството. Исто така, организацијата има за цел директно да придонесеме за поттикнување на кредибилна перспектива за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како и за зајакнување на ангажманот на ЕУ во регионот, каде што секоја земја ги почитува темелните вредности на ЕУ во однос на човековите права, слободата, демократијата, еднаквоста и владеењето на правото.