Основана во Скопје во 2020 година, Центарот за европски истражувања и анализи – ЕУРОПРОСПЕРА е независна, невладина и непрофитна тинк-тенк организација, посветенa на унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и Западниот Балкан.

Ние се стремиме да поттикнеме промени и да овозможиме напредок преку дијалог, стратешко партнерство и експертска анализа, со цел придонесување кон  креирање на европски политики на национално и регионално ниво.

ИСТРАЖУВАЧКИ ОБЛАСТИ

Посветени сме кон адресирање на основните прашања со кои се соочуваат Северна Македонија и Западниот Балкан како дел од нивниот процес на пристапување во Европската унија.

  • Европска надворешна политика
  • Фундаментални човекови права, анти-дискриминација и родова еднаквост
  • Младинска политика
  • Европска и трансатлантска безбедност
  • Демократизација, владеење на правото и добро владеење
  • Дигитална агенда и регионална поврзаност