Прогресивност

Организацијата се залага за напредок, промени и спроведување значајни реформи, со цел постигнување политичка и социо-економска благосостојба за сите граѓани.

Соработка

Нашето делување се базира врз почитување на принципот на партнерства, па оттаму ја поздравуваме и поттикнуваме соработката со сите поединци, групи, организации од граѓанското општество, влади и меѓународни институции, како и други засегнати страни во сите релевантни области.

Транспарентност и отчетност

Организацијата го почитува принципот на одговорност, транспарентност и партнерство со сите засегнати страни преку правилно исполнување на своите должности.

Стручност и релевантност

Организацијата својата основа ја темели врз изготвување на објективни, професионални и темелни анализи, притоа почитувајќи ги највисоките стандарди за истражување.

Диверзитет и еднаквост

Организацијата целосно ја почитува заштитата на основните човекови права и слободи на сите лица и се залага за нивно почитување.