Меѓународниот ден на човековите права се одбележува секоја година на 10 декември – денот кога е усвоена Универзалната декларација за човековите права од страна на Обединетите Нации во 1948 година. Сепак, повеќе од седум децении подоцна, сè уште сме сведоци на кршење на човековите права и дискриминација по повеќе основи, вклучувајќи пол, сексуална ориентација и родов идентитет, етничка припадност, религија, раса и други.

На Денот на човековите права, важно е да напоменеме дека правата на жените се човекови права, младинските права се човекови права, ЛГБТИ+ правата се човекови права. Човековите права не се привилегија и не можат да бидат дадени или одземени. Тие се неотуѓиви и универзални. Слободата не е привилегија – таа е право.

Понатаму, граѓанското општество е клучен елемент за зачувување на демократијата, како и за унапредување и заштита на човековите права на граѓаните. Денес, исто така ги потсетуваме носителите на одлуки на национално и регионално ниво да дадат се од себе со цел да им овозможат на граѓанските организации слободно функционирање и нивен придонес во општеството. Понатаму, граѓаните како и владите треба да ја препознаат важноста на негување на почитувањето на човековите права и слободи, со цел да се обезбеди мирен, посилен и потолерантен Западен Балкан. 

Ние во ЕУРОПРОСПЕРА сме посветени кон давање свој придонес во креирањето на отворено и толерантно општество, во кое човековите права на сите граѓани се почитувани, унапредени и заштитени.


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.