За патот на Македонија кон ЕУ, кога зелено светло за отпочнувње на пристапните преговори и многу повеќе во гостување на извршната директорка на ЕУРОПРОСПЕРА Александра Димовска во “10 минути” на ТВ21.
“Добро е познато дека добрососедските односи се една од клучните компоненти за евроинтеграцискиот процес. Во овој сегмент РСМ направи историски чекори со потпишувањето со Преспанскиот договор како и Договорот за пријателство со Бугарија. За жал со блокадата од страна на Бугарија историјата се повторува, како и во случајот со нашето зачленување во НАТО. Согласно сегашните показатели, освен ако не се случи некое чудо, или дипломатските иницијативи зад затворени врати не вродат со плод, сметам дека процесот на пристапување на РСМ нема да се одвива со посакуваното темпо. Но, реформскиот процес мора да продолжи. Пристапниот процес во Унијата мора да биде поефективен, покредибилен и базиран на систем на заслуги, додека Унијата од своја стана мора да работи на надминување на внатрешните несогласувања од институционална и политичка природа, а со цел да може да ги одржи своите ветувања кон РСМ.”
Линк до интервјуто – https://youtu.be/fdcjbtM4XN8 
Categories: ВЕСТИ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.