Центарот за европски истражувања и анализи и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, по повод 20 години од потпишување на Охридскиот рамковен договор, на 12 август организираше проекција на документарниот филм “Ohrid and beyond.”
Документарниот филм го прикажува контекстот на случувањата кои доведоа до потпишување на Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на воениот конфликт и придонесе за смирување на меѓуетничките односи во земјата.
Унапредувањето на меѓуетничките односи останува главен предизвик на кој треба дополнително да се работи, со цел остварување на заедничката иднина, водена од принципите на рамноправност, толерантност и доверба.
Благодарност до Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за соработката и можноста да се организира овој настан.
Линк до видеото од live stream снимката од настанот – https://fb.watch/8pMKL5GLBi/

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.