Имавме чест да присуствуваме на денешната конференција “Правата на припадниците на заедниците – состојби, трендови и предизвици” организирана од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) по повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Поздравните говорници, вклучувајќи ги Aмбасадорот на ЕУ во Северна Македонија г-дин Гир и вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците г-дин Груби испратија клучни пораки дека човековите права се предмет на константен напредок и тоа дека никогаш не треба да се земаат здраво за готово. Само со унапредување и заштита на човековите права на сите граѓани може да се овозможи спречување на конфликт и одржлив мир.


0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *