Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА, по повод 9-ти Мај – Денот на Европа, организираше панел дискусија на тема „Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија.“
На панел дискусијата учествуваа г-дин Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода и г-дин Џелал Хоџиќ, заменик директор на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ). Модератор на панел дискусијата беше Александра Димовска, извршна директорка на ЕУРОПРОСПЕРА.
Во своето излагање, меѓу другото, Првиот вицепремиер Груби изјави дека Охридскиот рамковен договор е нашата сразмерна креативност за мир, рамноправност и благосостојба за сите. Исто така, тој изјави дека еднаквото општество, кон кое се стреми Рамковниот договор, придонесе државата да ја чувствува за своја и да се залага за доброто на заедничката татковина, во иста мера колку и Премиерот Заев и Претседателот Пендаровски. Првиот вицепремиер Груби, воедно нагласи дека Рамковниот договор во неговата суштина е вредност на ЕУ и е единствениот целосно успешно реализиран мировен договор, гарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, и целосно имплемент<иран во нормативниот дел кој придонесува за нашата европска иднина. Тој порача дека граѓаните направиле многу повеќе од доволно да го заслужат членството во ЕУ и дека сега на тест е европската храброст и на ред е Унијата да го испорача ветеното без одлагање и без оправдување, поради тоа што одлуката од страна на европските лидери не е само одлука за европската иднина на Северна Македонија туку е и одлука за опстанокот на сонот и иднината на ЕУ.
Г-динот Хоџиќ меѓу другото, изјави дека Рамковниот договор, кој претставува еден од столбовите на евроинтеграциските интеграции, не само што спречи понатамошно продлабочување на конфликтот, туку го одржува потенцијалот на нашата држава како мултиетничко и демократско опшество. Тој воедно потенцираше дека патот кон ЕУ е мошне важен за сите граѓани, вклучително и припадниците на помалкубројните заедници, бидејќи тоа гарантира повеќе видливост и остварување на правата, како и подобро општествено управување.
Г-дин Дерала во своето опширно излагање меѓу другото истакна дека Рамковниот договор има потенцијал, но патот до целосна имплементација на истиот е сеуште долг. Исто така, тој не претставува само мировен договор, туку документ кој промовира мултикултурализам и може да се користи како регионален и светски пример за градење на мултикултурно општество. Воедно тој изјави дека граѓанското општество е тука и да следи, потсетува и да учествува во подобрување на општеството. Г-дин Дерала порача дека Рамковниот договор не е само мировен договор меѓу помирување на Македонците и Албанците, туку тој е договор за мултикултурност.
Линк до видеото од live stream снимката од настанот – https://fb.watch/8pM-CXHehI/ 

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.