Креирањето на името „ЕУРОПРОСПЕРА“ беше интересен процес и во основа произлезе од два збора – евро и просперитет.

Проспера [прос·пера] потекнува од латинскиот глагол prosperare што значи да се успее, да се напредува или да се расте. Вклучувањето на префиксот Евро- беше соодветно дополнување на вториот дел од името, бидејќи се однесува на Европската унија. Со тоа се создаде она што го имаме денес – ЕУРОПРОСПЕРА.

Идејата за името се водеше од фактот дека интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ обезбедува долгорочен просперитет, мир и економски стабилна иднина.

Затоа, посветеноста на патот кон ЕУ е императив бидејќи земјата и регионот припаѓаат во ЕУ. 

Categories: БЛОГ

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.